Дома Фудбал Италија Берлускони за Игуаин: Вистински шампион!

Берлускони за Игуаин: Вистински шампион!

berlusconi

Легендарниот претседател на Милан е задоволен од потегот на новата управа на „росонерите“.

Помина повеќе од една година откако Силвио Берлускони го продаде Милан, но тој се уште следи што се случува во клубот кој под негово водство ги минуваше најславните денови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Главна тема на апенините овие денови е размената на релација Торино – Милано. Милан ги добива Калдара и Игуаин, напаѓачот на позајмица со право на откуп, додека во Јувентус се враќа искусниот стопер, Леонардо Бонучи.

Берлускони смета дека ова е одличен потег на Милан, а за Игуаин потенцираше дека го гледа како вистински шампион.

„Сега го следам Милан само како навивач и моето срце секогаш чука за тој тим, без разлика што ќе се случи. Не сум повеќе во позиција да носам одлуки, тука се новите сопственици. Кога во прашање е Гонзало Игуаин, сметам дека тој е вистински шампион и играч каков што би посакал секој клуб“, изјави Берлускони за италијанските медиуми.

Милан за Игуаин ќе плати 18 милиони евра за позајмица, а ќе можат и да го откупат наредното лето за сума од 36 милиони евра.

Игуаин во Јувентус настапи на 105 натпревари и постигна 55 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…