Дома Фудбал Италија Берлускони за денешниот Милан: Не можам да ги гледам повеќе од 10 минути

Берлускони за денешниот Милан: Не можам да ги гледам повеќе од 10 минути

Италијанскиот гигант Милан веќе подолги години е далеку од европскиот врв. Овој тим на Милан според квалитетот не е ниту блиску до оној Милан на Силвио Берлускони кој редеше трофеи во Европа.

Милан е вториот најтрофеен тим во Лигата на шампионите со седум освоени трофеи, меѓутоа во последните години има големи проблеми, како на теренот, така и во внатрешноста на клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред Берлускони да го продаде Милан клубот не беше во добра ситуација и се очекуваше со продажбата на кинеските сопственици „росонерите“ да започнат да се враќаат на славните патеки, но тоа не се случи, а Кинезите го турнаа Милан во уште поголема криза.

Подоцна клубот падна во сопственост на фондот „Елиот“ бидејќи Кинезите не успеаа да го вратат големиот заем за засилувања.

Берлускони кога беше сопственик на Милан сакаше да гледа напаѓачки фудбал и тоа го бараше од тренерите кои ги доведуваше. Сега италијанските новинари беа запрашани тој да прокоментира денешната игра на Милан.

„Не се сложувам со ваквата тактика и воопшто не можам сфатам зошто играат со еден напаѓач. Во текот на натпреварите со таа тактика имаме многу малце удари кон голот. Сигурен сум дека би било подобро кога би играле со два шпица. Кога ќе го вклучам телевизирот да гледам натпревар на Милан поради ваквата игра го исклучувам после десет минути“, изјави Берлускони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …