Дома Фудбал Останато Бен Арфа: Фудбалот е готов, за среќа ја имаме Барселона

Бен Арфа: Фудбалот е готов, за среќа ја имаме Барселона

Хатем Бен Арфа после неуспешната епизода во Пари Сент Жермен повторно покажува одлични партии, сега во дресот на Рен.

Французинот никогаш не криел дека се воодушевува на стилот на Барселона, но сега изрази загриженост за фудбалот генерално.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


32-годишниот фудбалер, повеќе го загрижува развојот на модерниот фудбал, односно дефанзивниот пристап на добар дел од тимовите. Бен Арфа смета дека таквата стратегија го убива фудбалот, па затоа посебно ја пофали Барселона.

„Начинот на кој Барселона игра фудбал е најдобар, се гледа дека играчите се забавуваат додека играат. Фудбалот кој го играат, контролата која ја имаат, се забавуваат на теренот и тоа е фудбалот“.

„Премногу тимови се бранат во актуелниот фудбал, има премногу тактика. За среќа, постои еден тим кој не потсетува дека се уште може да се игра фудбал. Барселона го одржува фудбалот да не умре. Видовме и на Светското првенство дека најголем дел од тимовите се бранат, исчезна уживањето во оваа игра“, смета Бен Арфа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…