Дома Фудбал Останато Бен Арфа за Емери: Ништо не се сменило и понатаму кога губи не знае каде е

Бен Арфа за Емери: Ништо не се сменило и понатаму кога губи не знае каде е

Французинот му сервираше ладна одмазда на човекот кој баш не го сака.

Познато е дека Емери го седна Бен Арфа на клупа во ПСЖ, не му даваше да игра скоро една година, Французинот замина од клубот заедно со шпанскиот тренер, а конфликтот изби во првата сезона кога Бен Арфа го навреди Емери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„И да ти дадат буџет од милијарда евра ти нема да стигнеш подалеку од четвртфиналето во Лигата на шампионите“, му кажал тогаш контроверзниот фудбалер на Емери.

Бен Арфа направи трансфер во Рен, а како што само судбината знае му пружи шанса за одмазда и Бен Арфа е на добар пат да ја искористи. Рен го победи Арсенал со 3:1 во првиот натпревар од двомечот во Лигата на Европа.

Камерите на овој натпревар го уловија Бен Арфа како неколку пати гледа кон клупата на Арсенал и се смее.

„Ништо не се променило и понатаму кога губи не знае каде се наоѓа“, изјави Бен Арфа и продолжи:

„Пред натпреварот прогнозирав дека ќе биде 3:1 или 4:1 за нас одигравме добро, но не е готово. Постигнаа еен гол и понатаму се фаворити пре реванш“, изјави Бен Арфа кој беше прогласен за играч на натпреварот.

Бројките доволно говорат каков натпревар одигра контроверзниот фудбалер, изгледа мотивацијата и желбата за одмазда си го направија своето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видиќ или Ван Дајк? Џон Тери нема дилеми!

Од доаѓањето на Вирџил ван Дијк во Ливерпул се појавија бројни статистики и споредби со Не…