Италијанскиот новинар, Чиро Венерато кој работи во „Раи“ објави дека Наполи добил официјална понуда за Елиф Елмас од Бенфика.
Венерато објави дека информацијата му ја потврди спортскиот директор на Наполи, Кристијан Џунтоли. Клубот од Неапол нема намера да се откаже од услугите на макеоднскиот „дијамант“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во Наполи пристигна официјална понуда од Бенфика за Елмас. Информацијата ја добив од новинар на „А Бола“ и португалскиот клуб бил спремен да плати помеѓу 15 и 18 милиони евра. Го побарав Џунтоли да го прашам дали е тоа вистина, ми договор: Да, така, но ние не се откажуваме од Елмас“, откри Венерато.
Викендов ќе потсетиме, Елмас беше стрелец за Аталанта во победата од 1:2. Ќе потсетиме, неодамна турските медиуми пренесуваа дека Ливерпул се интересирал за Елмас.