Дома Фудбал Лига на шампиони Бенфика го шокира Ајакс, Симеоне ги надмудри „ѓаволите“🎥

Бенфика го шокира Ајакс, Симеоне ги надмудри „ѓаволите“🎥

Бенфика и Атлетико Мадрид се пласираа во четвртфинале откако запишаа гостински победи над Ајакс и Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Атлетико шаховски го надигра Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, кој немаше одговор на играта која ја постави Симеоне.

„Црвените ѓаволи“ подобро го отворија мечот, ја контролираа играта, а најдобрата шанса ја имаше Еланга.

Атлетико се заканува со контранапади, најпрво Феликс постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а во 40-та минута Ренан Лоди погоди за водство од 1:0.

Во вториот дел Рангник направи неколку промени, фрли се на една карта, но Атлетико одлично се бранеше и не им дозволи на „црвените ѓаволи“ да креираат големи шанси пред голот на Облак.

Бенфика направи големо изненадување и славеше на гости кај фаворизираниот Ајакс. Херој за португалскиот гигант е Давид Нуњес, кој го постигна единствениот гол во 77-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Maлку фалело за трагедија: Фудбалер од Серија А заврши на интезивна нега по несреќа на базен

Младиот напаѓач на Каљари, Јаел Трепи (20), заврши на интензивна нега откако за малку не с…