Дома Фудбал Останато Бензема: Тој што го критикува Меси не разбира фудбал

Бензема: Тој што го критикува Меси не разбира фудбал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема смета дека Лионел Меси не ги заслужува критиките кои ги добива после трансферот во ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси во претходното лето премина на „Паркот на принцовите“ и во дресот на францускиот клуб одигра вкупно 16 натпревари и постигна 6 голови од нив само еден беше во француското првенство. Поради тоа Аргентинецот добиваше критики од јавноста.

„Ќе биде чудно да играме против него сега кога е во ПСЖ. Тој е еден од најдобрите играчи во светот без никакви дилеми. Зошто во ПСЖ не игра со формата од Барселона? Потребно му е време да се прилагоди, да се адаптира. Не можете така лесно да критикувате играч каков што е Меси. Тој што го критикува Меси не се разбира во фудбал“, изјави Бензема.

Првиот натпревар помеѓу ПСЖ и Реал во осминафиналето од Лигата на шампионите е закажан за 15-ти февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мароканците збеснаа, нов скандал на Мундијалот: Еве што е спорно со голот на Мбапе (Видео)

Првата карта за полуфиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада ја обезбеди р…