Реал Мадрид денес на официјална прес-конференција се збогува со Карим Бензема кој кариерата ја продолжува во Саудиска Арабија во редовите на Ал Итихад.
На денешната прес-конференција беше прилично емотивно, а солзите не успеа да ги задржи и Карло Анчелоти.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Тешко е да се каже било што, но благодарност до Реал и моите соиграчи. Ја имав таа среќа да го живеам сонот што го сонував како дете. Ти благодарам претседател, имав 21 година кога дојдов. Кога првпат те видов, си кажав: Ги доведе: Зидан и Роналдо, а сега ме довведе и мене“, еден, два три, напред Реал“, изрази благодарност францускиот колгетер.
🤍 Carlo Ancelotti suffering in Karim Benzema's farewell. pic.twitter.com/3qUWXaAdi7
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 6, 2023
Потоа се заблагодари и на Анчелоти со кој стана подобар играч.
„Благодарам до тренерот кој секогаш ми даваше поддршка и ја креваше мојата самодоверба. Тоа никогаш нема да го заборавам, многу научив од Анчелоти. Ова е тажен ден за мене, ме боли што го напуштам клубот. Сакав тука да ја завршам кариерата, но се отворија некои нови прилики за мене. Мадрид секогаш ќе биде мое семејство. Искрено, ви благодарам за се“, порача Бензема.
Benzema: “And as I said on the first day, 1, 2, 3, HALA MADRID.” 💔
— Mikael Madridista (@MikaelMadridsta) June 6, 2023
pic.twitter.com/eImuCaA1bo