Дома Фудбал Бензема продолжува да пишува историја во Реал, го помина Алвредо Ди Стефано

Бензема продолжува да пишува историја во Реал, го помина Алвредо Ди Стефано

Карим Бензема и вчера покажа дека е најдобриот играч оваа сезона на Реал Мадрид, Французинот го постигна победничкиот гол во натпреварот против Севиља.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој гол за Бензема беше 217. во Ла Лига во дресот на Реал Мадрид со што стигна до третото место на листата најдобри голгетери во клупската историја. Зад себе Бензема го остави легендарниот Алфредо Ди Стефано кој постигна 216 голови.

Пред Бензема се само уште Кристијано Роналдо со 311 голови и Раул Гонзалес со 228. Треба да се спомене и дека Бензема сезонава постигна 25 гола на 28 натпревари во Ла Лига што е негов рекорд во досегашните настапи во шпанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедија: Тинејџерска загина за време на прославата на Франција над Мароко

За време на прославата на пласманот на фудбалската репрезентација на Франција во полуфинал…