Французинот Карим Бензема игра фантастична сезона во дресот на Реал Мадрид во која на 41 натпревар постигна 41 гол, а дури девет постигна во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Поради таквата форма со право јавноста во него гледа како на еден од главните кандидати за освојување на „Златната топка“.
Додека Роналдо беше во тимот Бензема имаше поинаква улога, повеќе асистираше, дури беше и критикуван, а со заминувањето на Португалецот почна да постигнува се повеќе и повеќе голови, а кулминираше оваа сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Утре Реал Мадрид има можност да ја обезбеди 35-тата шампионска титула во Шпанија, додека во среда ќе играат против Манчестер Сити во реваншот од Лигата на шампионите. Во првиот натпревар во Англија беа поразени со 4:3. Бензема пред овие два натпревари истакна дека повеќе сака титула во ЛШ со Реал отколку „Златната топка“.
„Искрено не размислувам за „Златната топка“. Фокусиран сум да освојувам трофеи со Реал, повеќе сакам титули во Ла Лига и Лигата на шампионите. Што ќе се случува потоа времето ќе покаже. Ако треба да бирам помеѓу „Златната топка“ и Лигата на шампионите јас го избирам трофејот во ЛШ“, изјави Бензема.