Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема е на добар пат да потпише нов договор со „кралевите“, пренесува „Марка“.
Актуелниот договор на Бензема истекува следната сезона, но се очекува до крајот на сезоната да стави потпис на нов договор до 2023 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Така во клубот ќе ја запазат политиката на играчите над 30 години да им ги продолжуваат договорите само за една сезона.
Во случајот со Бензема ќе го направат тоа сега, за да ја избегнат ситуацијата која ја имаат со Серхио Рамос, Лукас Васкез и Лука Модриќ.
Преговорите со Бензема течат во добра насока и се очекува Французинот многу брзо да стави потпис на новиот договор.
📝 Benzema is expected to renew his contract with Real Madrid until 2023. The contract is ready and only needs to be signed. [Marca]
— Real Madrid Info ³⁴ (@RMadridInfo) April 15, 2021