Дома Фудбал Бензема: Дали сум главен од кога го нема Роналдо? Може така да се каже (ВИДЕО)

Бензема: Дали сум главен од кога го нема Роналдо? Може така да се каже (ВИДЕО)

benzema

Напаѓачот на Реал Мадрид гостуваше во една француска телевизија каде што зборуваше за времето во Реал Мадрид каде што игра од 2009 година, Кристиано Роналдо, Светското првенство…

Иако Реал Мадрид ја завршува една од најлошите сезони во својата историја никој не може за нешто да го обвини напаѓачот Карим Бензема. Бензема на 52 натпревари оваа сезона за „кралевите“ постигна 30 голови и запиша 11 асистенции. Проблемот беше што луѓето околу него како Бејл не се подобрија кога Роналдо си замина. Реал не доведе адекватна замена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бензема доби интересно прашање.

„Дали сум главен во Реал сега го нема Роналдо? Може да се каже така. Кристиано е одличен играч, но замина. Најважна е тимската работа. Горд сум на својата кариера. Најубавите спомени ми се кога за прв пат ја освоив Лигата на шампионите. Потоа следуваа уште три. Таквите моменти не се забораваат“, изјави Бензема.

Потоа следуваше прашање за Светското првенство и репрезентацијата на Франција од која не е дел од скандалот со Матија Валбуена.

„Финалето на Светското првенство го гледав со семејството во Лион. Веднаш му испратив порака на Варан, бев среќен поради нив, секако дека посакував да бев таму“, искрен беше напаѓачот.

На крајот Бензема пушти и некоја солза кога водителот му покажа фотографии од неговата два сина.

„Посебно е чуството да се биде татко. Среќен сум добив таква можност, се обидувам да не ги ставам моите деца во непријатни ситуации“, истакна Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…