Дома Останати Белорусија ја победи Србија, Германија ја „прегази“ Холандија

Белорусија ја победи Србија, Германија ја „прегази“ Холандија

Вечерва започна ракометното Европско првенство и на самиот старт Белорусија и Германија запишаа сигурни победи над Србија односно Холандија.

Србите почнаа добро во првото полувреме, но цело време бркаа негатива и на крајот на одмор заминаа со само еден гол разлика (16:15).

Избраниците на Перуничиќ комплетно потфрлија во второто полувреме, па на крајот запишаа убедлив пораз од 35:30.

Фаворитот Германија запиша убедлива победа над Холандија 34:23. Во главна улога беше голманот Волф, кој имаше 12 одбрани на голот. Хефнер и Колбахер со по пет гола беа најефикасни во германскиот табор, а мечот го одбележа црвениот картон на Уве Генсхајмер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар бил опоменат од ЕХФ за случувањата во натпреварот со Нант

Ракометниот клуб Вардар доби официјално предупредување од Европската ракометна федерација …