Дома Фудбал Лига на шампиони БЕЛГРАД ЌЕ ГОРИ: Ливерпул клекна на колена пред Звезда на „Маракана“! (ВИДЕО)

БЕЛГРАД ЌЕ ГОРИ: Ливерпул клекна на колена пред Звезда на „Маракана“! (ВИДЕО)

Црвена Звезда вечерва направи огромно изненадување во Лигата на шамионите совладувајќи го во Белград Ливерпул со 2:0.

Звезда одигра фантастичен натпревар и потсети на најдобрите денови кога беше страв и трепет во Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од самиот старт можеше да се забележи дека Звезда нема да се брани и дека ќе се обиде да го изненади англискиот гигант. Првиот шок за гостите стигна во 22-та минута кога после одличниот корнер на Германецот, Марин за водство погоди Павков.

И додека „црвените“ неа беа опоравени од „судениот туш“ следуваше нов, повторн од истиот играч! Павков испрати одличен удар од далечина со кој го совлада Алисон.

На стартот на вториот дел Звезда многу лесно можеше да добие и прилика да зголеми на 3:0, но судијата Лахоз не покажа на белата точка иако Милнер играше со рака во својот шеснаесетник.

После оваа победа Звезда максимално ја комплицира ситуацијата во групата Ц каде што Ливерпул сега има шест бода, Наполи пет, додека ПСЖ и Звезда по 4. Својот натпревар од четврото коло Наполи и ПСЖ го играат вечерва од 21:00 часот.

Во вториот натпревар Монако доживеа дебакл пред своите гледачи и беше поразен од Клуб Бриж со 0:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…