Дома Фудбал Белгискиот фудбалер Амаду Онана се пресели од Евертон во Астон Вила

Белгискиот фудбалер Амаду Онана се пресели од Евертон во Астон Вила

Белгискиот фудбалер Амаду Онана направи голем трансфер, откако за огромна сума се пресели од Евертон во Астон Вила, што го потврди и тимот од Бирмингем кој има огромни амбиции за следната сезона во најсилното натпреварување во Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Астон Вила за трансферот на овој фудбалер плати 50 милиони фунти, што е околу 59 милиони евра, додека Евертон може да добие и одредени бонуси преку овој трансфер.

Онана потпиша договор со челниците на Астон Вила до јуни 2029 година.

Новиот играч за врска на клубот од Бирмингем во претходните две сезони одигра 72 натпревари за Евертон и постигна четири гола. Пред Евертон играше за Лил и Хамбургер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…