Дома Фудбал Лига на шампиони Белами го предупредува Ливерпул: Ништо не е готово, Сити знае до врв да ја наполни мрежата

Белами го предупредува Ливерпул: Ништо не е готово, Сити знае до врв да ја наполни мрежата

Поранешниот напаѓач на „црвените“ Крег Белами смета дека полуфиналето од Лигата на шампионите за Ливерпул не е обезбедно, иако во првиот натпревар против Манчестер Сити славеше со 3:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


При гостувањето во една телевизија, Крег Белами го предупреди својот поранешен клуб дека работата не е завршена.

„Не е готово. Сити има страшен напад и Ливерпул не смее да помисли дека со оваа победа ја завршил работата“ смета Велшанецот.

Белами во реваншот очекува „граѓаните“ да одиграат многу подобро.

„Ливерпул во Манчестер нема да има таков „ветер во грб“ од трибините. Сити оваа сезона многу пати демонстрираше дека може до врв да ја наполни мрежата на ривалот. Затоа мислам дека се уште ништо не е готово“, изјави Белами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интересна изјава од Роналдо по испаѓањето од Мундијалот – ова никој не можеше да замисли дека ќе го каже

Кристијано Роналдо тешко го поднесе елиминирањето на Португалија од Светското првенство. П…