Дома Фудбал Останато Бекам го пронајде и првиот тренер: Во Интер Мајами пристигнува поранешниот стратег на Реал!

Бекам го пронајде и првиот тренер: Во Интер Мајами пристигнува поранешниот стратег на Реал!

Наредната сезона МЛС лигата ќе биде побогата за уште еден клуб бидејќи свој претставник ќе има и Мајами.

Имено, Интер Мајами ќе започне да се натпреварува во МЛС од наредната сезона, а припремите за тоа веќе траат подолго време. Познато е дека основач на тој е клуб е легендарниот Дејвид Бекам кој сака во првата сезона да покаже зошто вложил толку труд да основа свој тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе некое време се шпекулира за играчите кои Бекам ќе ги доведе во Интер Мајами и сигурно дека ќе има неколку светски ѕвезди. Кога во прашање е тренерот легендарниот фудбалер изгледа го решил и тоа прашање.

Имено, шпанските медиуми објавија дека првиот тренер на Интер Мајами ќе биде Сантијаго Солари кој минатата сезона го водеше Реал Мадрид. Аргентинецот во овој момент е без работа, а наводно веќе се договорил со Бекам за соработка.

Бекам има неколку тренери на листата желби, а прво го контактирал Солари со кои преговорите наводно оделе добро. Претставувањето на Солари и екипата на Интер се очекува да се случи кон крајот на оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…