Дома Фудбал Без проблеми: Тронот во бројот на дресови брзо одземен од Роналдо, сега најпопуларен кај Кралевите е…?!

Без проблеми: Тронот во бројот на дресови брзо одземен од Роналдо, сега најпопуларен кај Кралевите е…?!

Реал Мадрид остана без својата најголема ѕвезда откако Кристијано Роналдо одлучи да го напушти клубот и кариерата да ја продолжи во Јувентус.

Роналдо во Реал Мадрид мина девет години и со овој клуб освои се што можеше. Многумина беа изненадени од одлуката ова лето да го напушти кралскиот клуб и да премине во редовите на Јувентус кого го избра за нов предизвик во кариерата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалецот за Реал носеше многу на теренот, но и надвор од него, особено кога е во прашање, маркетингот. Очекувано е тоа што дресот на Роналдо беше најпопуларен меѓу навивачите, и дека Португалецот беше убедливо прв на листата кога е во прашање продажбата на дресовите.

Според пишувањата на мадридските медиуми што се однесува до продажбата на дресовите, сега најпопуларен е Лука Модриќ што изненади многумина. Дресот на Модриќ најмногу се продава од сите играчи во Реал, многумина веруваат дека влијание на тоа има и изминатото СП во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдено: Чави останува тренер на Барселона!

Во Барселона претседателот Лапорта и останатите успеале да го убедат тренерот Чави да оста…