Дома Фудбал Лига на шампиони Без победник во Мадрид, одлуката во Лондон🎥

Без победник во Мадрид, одлуката во Лондон🎥

Реал Мадрид и Челзи одиграа возбудлив натпревар кој заврши без победник, па патникот во финалето ќе се решава во Лондон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Уште од самиот старт Челзи подобро го отвори мечот, но Куртоа со двојна одбрана спречи водство на „сините“.

Неколку минути подоцна Пулишиќ им избега на чуварите и погоди за водство на Челзи.

Меѓутоа, потоа Реал заигра подобро и стигна до израмнување со фантастичниот гол на Карим Бензема, кој долго ќе се врти на најавните шпици.

Во второто полувреме гледавме израмнет фудбал, главно на средината на теренот. Тухел во игра ги стави Хаверц и Зијех, па Челзи ја презеде играта и имаше поголем посед на топката.

Во последните петнаесетина минути двата тима не сакаа да преземат голем ризик и како да се задоволија со ремито, па патникот во финалето ќе се решава на реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Холасндскиот херој стана трагичар: Погледнете како си даде автогол при лудите пенали

МАРОКО го обезбеди своето место во осминафиналето на Светското првенство откако во напната…