Дома Фудбал Германија Батшуаи за Болт: Се надевам дека нема да ме исфрли од тимот

Батшуаи за Болт: Се надевам дека нема да ме исфрли од тимот

Белгискиот фудбалер Мичу Батшуаи се препороди после доаѓањето во Борусија Дортмунд каде што ќе настапува до крајот на сезоната како позајмен фудбалер од Челзи.

Батшуаи во Борусија покажа дека се работи за одличен напаѓач, а новинарите сега го запрашаа што мисли за Усаин Болт кој одработи тренинг со тимот на „милионерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот во овој момент е со својата репрезнтација и немаше прилика да тренира со легендарниот спринтер, но призна дека гледал видео од тренингот на Болт.

„Гледав видео и се забележува дека знае да игра. Тој е вистински шампион и тоа го докажа многу пати. Болт е еден од најдобрите спортисти во историјата. Среќен сум поради тоа што тренираше со нашиот тим, но се надевам дека нема да ми го земе местото и да ме исфрли од тимот“, се пошегува Батшуаи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…