Белгискиот напаѓач Мичи Батчуаи покажа чувство за хумор и се пошегува на своја сметка, откако неговата прослава на голот против Англија стана хит.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После голот на Јанузај, напаѓачот на Челзи ја фати топката и повторно ја шутна одблизу во мрежата. За жал, тој ја погоди гредата, а топката се врати и го погоди во лицето.
Ситуацијата беше многу комична па веднаш стана вирална на социјалните мрежи, а Белгиецот и сам се пошегува на своја сметка.
„Вообичаените начини за прославување веќе се доста застарени. Требаше да измислам нешто ново“, напиша на Твитер Батчуаи.