Дома Фудбал Бартомеу потврди: Позната иднината на Тер Штеген

Бартомеу потврди: Позната иднината на Тер Штеген

Подолго време Барселона и Тер Штеген преговараа околу новиот договор и сега договорот помеѓу двете страни е постигнат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот Хозе Марија Бартомеу гостувајќи во телевизијата „БеИН“ потврди дека има договор помеѓу клубот и голманот и тоа сигурно ги израдува навивачите.

Тер Штеген така ќе потпише нов договор кој ќе има важност до 2025 година и со него ќе добие значително поголема плата.

Договорот официјално ќе биде потпишан пред почетокот на наредната сезона затоа што сега главниот фокус е на Лигата на шампионите.

Во Барселона Тер Штеген пристигна во 2014 година од редовите на Борусија Менхенгладбах и неговото доведување се покажа како одличен потег на управата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради грешка во преводот претставувањето на Родри во Барселона стана хит

Несигурната автоматска функција за превод на социјалната мрежа X предизвика вистинска бура…