Дома Фудбал Бартомеу: Ако јас бев во клубот немаше да го пуштам Меси да замине

Бартомеу: Ако јас бев во клубот немаше да го пуштам Меси да замине

Хозе Марија Бартомеу пред една година ја напушти Барселоан и од тогаш не се појавуваше во медиумите, додека актуелното раководство упатуваше критики во јавноста за неговото водење на клубот.

Бартомеу шест години помина на местото претседател на каталонскиот клуб, а на крајот мораше да поднесе оставка. Во неговото владеење Барселона дојде во голема финансиска криза поради неконтролираното трошење. На почетокот на сезоната на Барселона не и оди баш најдобро, Бартомеу тврди дека ако тој останел Меси немало да замине.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Голема грешка беше што Меси замина. Тоа со мене немаше да се случи“, посочи Бартомеу, па потоа ги коментираше критиките упатени кон него.

„Не се сеќаваме дека јас и управата сме добивале 30% за трансферите. Повеќето беа помеѓу 5 и 10%. Ако веќе така зборуваат нека ги покажат доказите. За кој играч се работело? Никогаш ништо не импровизиравме. Имавме стратешки план од 2015 до 2021 година“.

Зборуваше и за доведувањето на Гризман.

„Доведувањето на Гризман беше стратешки потег. Сите се сложивме дека може да придонесе Барса да биде подобра. Ако сме ја платиле откупната клазула тоа значи дека сме имале пари“, изјави Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…