Дома Фудбал Барселона ќе профитира од повредата на Дембеле

Барселона ќе профитира од повредата на Дембеле

Осман Дембеле повторно се повреди и Барселона следните месец дена ќе биде без крилниот фудбалер кој е доведен од Борусија Дортмунд.

Дембеле е платен 105 милиони евра со 40 милиони бонуси, но изгледа дека Барселона нема да ги плати сите пари од бонусите. Станува збор за тоа дека на секои 25 официјални натпревари во сезоната Барса треба да плати дополнителни пет милиони на Борусија, но Дембеле имаше две повреди и Каталонците поради неговите повреди нема да го платат целосниот бонус.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Дембеле поради повреда пропушти повеќе од 100 дена од доаѓањето во Барса, играчот вкупно одигра само 141 минута, имаше седум настапи, но очигледно е дека нема да одигра повеќе од 29 натпревари во сезоната. Со што Барса ќе плати пет или 10 милиони евра бонуси, а не предвидените 40 милиони.

Се очекува Дембеле да ги пропушти натпреварите со Еспањол, Бетис, Еспањол, Алавес, а на терените се очекува да се врати на крајот на февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …