Скаут на Барселона присуствуваше на натпреварот помеѓу Леверкузен и Волфсбург, а еве кои тројца фудбалери беа на мета.
Барселона мора да размислува за трансферите, а скаутите на на големо си вршат својата работа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден од нив кој е задолжен за германската Бундеслига го следеше натпреварот помеѓу Леверкузен и Волфсбург кој заврши без победник 2:2.
Фудбалерите кои биле интересни за каталонскиот гигант биле од редовите на Леверкузен, а тоа се Џонатан Тах, Јулијан Брант и Леон Бејли.
Тах е централен дефанзивец и неговата цена изнесува околу 25 милиони евра, многу екипи од Премиер лигата го следат. Од друга страна, Брант веројатно е најскапиот фудбалер на Леврекузен и на трансфер пазарот вреди повеќе од 30 милиони евра.
Бејли е многу млад, но игра одлично, брз е како и Брант и игра на крилната позиција.