Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, ќе биде еден од најпосакуваните фудбалери следното лето, а за него сериозен интерес покажува Барселона.
Дејвид веќе неколку сезони игра на врвно ниво и сака да ја промени средината, а веќе влезе во последната година од договорот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Напаѓачот најави дека нема да ја продолжи соработката и ја игра последната година во Лил, па следното лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сакаат да ја искористат неколку европски гиганти, а сега и Барселона се вклучи во трката.
Каталонците следното лето ќе останат без Левандовски па бараат засилување во нападот, а Дејвид може да пристигне без обештетување.