Иднината на Меси одново е тема во Шпанија, посебно затоа што се отвори можност Аргентинецот да замине.
Имено, во Барселона се спрема ново намалување н платите, а тоа би можело да биде причина Меси да си замине.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што пренесуваат шпанските медиуми се би требало да биде познато во наредните 15-тина дена кога ќе се одржат разговори со фудбалерите.
Доколку се случи платите да бидат намалени играчите и вработените во Барселона ќе можат да побараат раскинување на договорот, помеѓу нив секако е и Меси.
Ќе потсетиме, Аргентинецот во последниот преоден рок беше во преговори со Манчестер Сити, но во Барселона, поточно Бартомеу за него бараше нереални 700 милиони евра. Толку изнесува откупната клазула во договорот на Меси кој истекува на крајот на актуелната сезона.