Дома Фудбал Барселона на Кадиз последен пат му гостуваше пред 15 години, од тој тим денес ќе игра само еден човек

Барселона на Кадиз последен пат му гостуваше пред 15 години, од тој тим денес ќе игра само еден човек

Фудбалерите на Барселона вечерва на гости играат против Кадиз во рамките од 12. коло во шпанската Ла Лига.

Кадиз сезонава после 14 години успеа да се врати во најсилниот ранг на шпанскиот фудбал, а Барселона првпат после 15 години ќе гостува на стадионот на овој клуб. Вечерашниот меч се игра од 21 часот и јасно е дека Каталонците се големи фаворити. Шпанските медиуми потсетија дека последен пат Барселона гостуваше во Кадиз на 17. декември 2005 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тогаш Барселона успеа да слави со 3:1 и во таа сезона освои скоро се што можеше да освои. Два гола постигна Самуел Ето, а еден Лудовиќ Жили.

„Мундо Депортиво“ се потсети на тој состав на Барселона и од тогаш само еден играч и денес го носи дресот на Каталонците. Секако, тоа е Лионел Меси кој тогаш како тинејџер се пробиваше во врвот на светскиот фудбал.

За Барселона тогаш играа: Валдес, Ван Бронхорст, Пујол, Маркез, Олегуер, Едмилсон, Деко, Иниеста, Жили, Меси, Ето, а од клупата шанса добија: Ларсон, Мота и Езкеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…