Лично по барање на претседателот на Барселона, Бартомеу!
Рамон Родригез Вардехо во фудбалскиот свет познат како Мончи добил понуда од Барселона да ја извршува функцијата технички директор во каталонскиот гигант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бартомеу на два пати разговарал со спортскиот директор на Рома да се врати во Шпанија, Мончи наводно нема ништо против тоа, но до сега ниту Мончи, а ниту клубот официјално не се огласиле.
Во овој момент прашање е колку Мончи ќе има желба да го напушти амбициозниот проект кој го започна во Рим минатата година.
На директорот на Барселона, Роберто Фернандес договорот му истекува за само еден месец, а во клубот немаат преголема желба да го задржат.
Претседателот на Барселона во Мончи гледа идеален човек за оваа позиција, а дали тој ќе се одлучи да го напушти Рим после само една година останува да видиме, во овој момент такво сценарио не изгледа реално.