Барселона имаше можност да го донесе Ерлинг Халанд во своите редови оваа зима, но каталонскиот клуб се откажа од тој трансфер.
Халанд на крајот премина во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра и тоа беше одличен потег. Норвежанецот игра во животна форма бидејќи во досегашниот дел од сезоната на 29 натпревари за Салзбург и Дортмунд постигна неверојатни 39 погодоци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После првиот дел од сезоната во Салзбург каде прикажа одлични игри Халанд одлучи да го напушти клубот. Напаѓачот беше на мета и на Барселона, но Каталонците се откажаа од негов ангажман.
Шпанските медиуми денеска пренесуваат дека Барселона со таквата одлука направила неверојатен промашок, а наводно одлучиле да го одбијат поради две причини.
Првата причина била тоа што во Барселона не верувале дека Норвежанецот може да се прилагоди на играта на каталонскиот клуб, а втората е од финансиска природа бидејќи Салзбург побарал на Барселона многу повеќе пари од оние кои на крајот ги доби од Дортмунд.