Дома Фудбал Барселона „пикира“ одличен тандем: Ова е замената за Пике и Суарез

Барселона „пикира“ одличен тандем: Ова е замената за Пике и Суарез

Барселона очигледно во следните месеци има за цел да ја подмлади екипата.

Неколку фудбалери на каталонскиот великан се на излезни врати, но веќе се планира доведување и замена за играчите кои се постари од 30 години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така, спортскиот директор на Барселона, Роберт Фернандез во текот на викендот ја посети Германија каде ги следеше натпреварите на Лајпциг и Баерн, каде анализираше двајца фудбалери.

Станува збор за Вернер, и стоперот Дејот Упамекано за кои тимот од „Камп Ноу“ верува дека се достојни замени за Луис Суарез и Џерард Пике.

Како што се наведува, Барселона овој тандем ќе се обиде да го ангажира веќе во јануари, но нивното пристигнување се очекува следното лето.

Ова се фудбалери на кои им се предвидува блескава кариера и кои веќе стекнаа име во светот на фудбалот, благодарение на фантастичните настапи во тимот од Лајпциг.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…