Дома Фудбал Барселона ослабена во „Ел Класико“

Барселона ослабена во „Ел Класико“

Во недела Барселона ја очекува натпревар против Реал Мадрид во финалето на Суперкупт на Шпанија, а Чави Ернандез се соочува со кадровски проблеми пред ова „Ел Класико“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Освен што Гави ја заврши сезоната, Иниго Мартинез заработи нова повреда, а Жоао Кансело е под знак прашалник, надвор од тимот сега е и Рафиња.

Бразилецот ја повреди задната ложа, не се работи за сериозна повреда, но сигурно нема да биде на располагање за натпреварот во недела.

На Рафиња ќе му бидат направени тестови, а идејата е да биде спремен кон крајот на јануари. Покрај финалето на Суперкупот тој ќе го пропушти и куп натпреварот против Унитасиос Саламанка.

Добра вест за Чави е враќањето на Педри кој одигра одличен половина час против Осасуна, додека Кансело ќе биде неизвесен до последен момент. Финалето се игра во недела во терминот од 20:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико се насочиле кон солидно име за замена на Гризман

Раководството на Атлетико Мадрид сериозно ја разгледува можноста да го ангажира Бернардо С…