Лионел Меси вчера објави дека ќе остане во Барселона, но Лео зборувшае отворено и јасно кажа дека останува, меѓутоа не по негова желба.
Аргентинецот јасно објасни зошто не е среќен и зошто сака да замине, а во Барселона од целото интервју како да го го прочитале само делот кој им одговара.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На социјалните мрежи на Барселона објави само една реченица од целото интервју.
„Ќе дадам се од себе. Мојата љубов кон Барселона нема да се промени“.
?❤️ Leo #Messi: “I will give it my all. My love for Barça will never change.” pic.twitter.com/xBh29dTqpr
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 4, 2020
Во продолжение потсетуваме што зборуваше Меси:
„Мислев и бев сигурен дека можам да си заминам слободно. Претседателот секогаш кажуваше дека на крајот на сезоната ќе можам да решам дали ќе останам или ќе си одам. Тие сега се повикаа на фактот дека не сум го кажал тоа до 10 јуни, но на 10 јуни ние сѐ уште го игравме првенството, бидејќи коронавирусот ја измени целата сезона. Тоа е причината што и натаму останувам во клубот. Невозможно е некој да плати отштета од 700 милиони евра“.
„Раководството на чело со Бартомеу е катастрофа. Клубот нема никаков проект, само потполнуваат дупки. Му кажав на претседателот дека сакам да си одам и тоа му го зборувам веќе 12 месеци, но на крајот одлучив да останам затоа што не сакав работата да заврши на суд. Претседателот секогаш зборуваше дека можам да одам на крајот на секоја сезона. Сега се вадат на фактот дека тоа не им го реков пред 10 јуни. Кога им реков дека одлучив да си одам тоа беше вистинска драма. Целата фамилија почна да плаче. Мојот став кон клубот нема да се промени, без оглед на тоа колку сакав да си заминам“.