Дома Топ вести Барселона одново победнички во Мадрид: Ракитиќ човек на одлука! (ВИДЕО)

Барселона одново победнички во Мадрид: Ракитиќ човек на одлука! (ВИДЕО)

Барселона во четири дена два пати славеше славеше на „Сантијаго Бернабеу“.

После победата од 3:0 во полуфиналето на шпанскиот куп, Барселона славеше во првенствениот натпревар против лутиот ривал и сега Каталонците се на +12 и +10 од Атлетико кој има натпревар помалку.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Прв се закани Реал преку Варан во 13-тата минута, но неговиот удар беше изблокиран. Во 19-тата минута шанса имаше Меси, но откако го матираше Куртоа топката заврши покрај голот.

Каталонците поведоа во 26-тата минута. Одлична топка испрати Серхио Роберто, а истата ја искористи Иван Ракитиќ.

Меси во 37-та минута од добра позиција лошо изведе слободен удар, а уште подобра шанса не искористи три минути подоцна. Реал преку Модриќ можеше да изедначи, но Хрватот со глава шутираше на голот на Тер Штеген.

Винисус во продолжението се закани два пати, но Барса добро го бранеше својот голот. Барселона до крајот успеа да ја сочува предноста и да запиша уште една голема победа во „Ел Класико“.

Добра шанса до крајот за Барселона имаше младиот Дембеле кога шутираше покрај голот.

Ова е трето „Ел Класико“ во низа во Мадрид кое го добива Барселона. На претходните два натпревари беше 3:0 за Каталонците.

https://youtu.be/LJHxPFoYt4I

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…