Дома Фудбал Барселона не ризикува ништо: Чави потпишал нов договор

Барселона не ризикува ништо: Чави потпишал нов договор

Tренерот на Барселона, Чави Ернандез потпишал нов тригодишен договор со обврска за соработка до 2026 година, тврди шпанска „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Чави истекуваше за една година, но раководството очекувано изрази желба да го задржи поради неговата одлична работа по пристивнувањето од Ал Сад.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија во тренерската кариера освои еден Суперкуп на Шпанија, шампионат на Катар и по еден Куп и Суперкуп на Катар и Ла Лига во минатата сезона. Како играч освои голем број трофеи со Барселона, Ла Лига ја освојуваше дури осум пати, а четири пати Лигата на шампионите.

Во новата сезона Барселона има три победи и десет бодови од првите четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…