Дома Фудбал Италија Барселона не е за Конте: Италијанецот има само една желба

Барселона не е за Конте: Италијанецот има само една желба

Каталонските медиуми објавија дека Антонио Конте се понудил на Барселона, меѓутоа од Италија пристигнуваат поинакви вести.

Имено, според информациите од Апенините, Конте не ја разгледувал опцијата да биде наследник на Чави во Барселона бидејќи веќе некое време води преговори со Милан.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конте веќе го одби Аурелио Де Лаурентис да го преземе Наполи, едноставно смета дека Неапол не е вистинска средина за него. Сега го чека расплетот на „Сан Сиро“, се шпекулира дека Пиоли на крајот од сезоната ќее замине и тогаш патот за екс-тренерот на Интер и Јувентус би бил целосно отворен.

Златан Ибрахимовиќ веќе некое време работи на доаѓањето на Конте и останува да се види како ситуацијата ќе се развива. Кога во прашање е Барселона, Конте веројатно никогаш не бил опција поради неговата филозофија, засега прв пик на каталонскиот гигант е Ханси Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…