Дома Фудбал Барселона на секој играч му направи план за тренинг во изолација

Барселона на секој играч му направи план за тренинг во изолација

Пред неколку дена раководството на Ла Лига одлучи да го прекине шпанското првенство поради пандемијата со коронавирусот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одлучено е натпреварите во шпанскиот фудбал да бидат прекинати до 3. април и не е познато дали лигата може да продолжи.

Клубовите добија наредба да ги замрзнат сите активности, па дури не е дозволено играчите да тренираат заедно. Тие се наоѓаат во куќна изолација и само со посебна дозвола можат да излезат надвор.

Тоа направи големи проблеми на клубовите со оглед на тоа дека играчите не можат најдобро да тренираат. Но, во Барселона се обидоа да најдат решение за тоа и за секој играч направиле план за тренинг за наредните две недели.

Барселона во продолжение на сезоната, доколку се продолжи, ја очекуваат големи предизвици и јасно е дека клубот сака играчите да бидат во што подобра форма кога ќе се вратат на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…