Барселона е многу блиску до финализирање на новиот договор на младиот талент Ансу Фати, пренесува „Мундо Депортиво“.
Весникот пренесува дека агентот Жорге Мендеш веќе ја добил понудата од клубот и во наредните денови ќе има средба со раководството на Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Новиот договор нема да биде долг за да може Барселона да ја зголеми платата на Фати, кога ќе се подобри финансиската ситуација во клубот.
Договорот на Фати истекува на крајот на сезоната, но Барселона има опција да го задржи на уште една година.
18-годишниот Фати има голема желба да остане на „Камп Ноу“ и двете страни се блиску до продолжување на соработката.
🚨 [@sergisoleMD🥇] | Jorge Mendes has received FC Barcelona's renewal offer for Ansu Fati. He is currently on a vacation in Qatar and will meet with Mathieu Alemany to close the renewal after 3 weeks. Ansu only wants to stay and Mendes will close it as soon as he can. pic.twitter.com/XPbbuMVRCc
— BarçaTimes (@BarcaTimes) September 28, 2021