Дома Фудбал Лига на шампиони Барселона испиша историја со досудените пенали во ЛШ оваа сезона

Барселона испиша историја со досудените пенали во ЛШ оваа сезона

Екипата на Барселона без поголеми проблеми славеше на гости кај унгарскиот Ференцварош со 0:3.

Каталонскиот тим така го задржа перфектниот скор во Лигата на шампионите каде што има пет победи во пет натпревари, а после вчерашниот натпревар Каталонците испишаа историја во најелитното фудбалско натпреварување.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот од „Ноу Камп“ доби уште еден пенал. Тоа за Барселона беше вкупно петти оваа сезона во пет кола, па Барселона стана првиот тим во историјата на Лигата на шампионите во чија корист се досудени пет пенали во пет натпревари во низа во ова натпреварување.

Лионел Меси ги реализираше пеналите против Ференцварош, Јувентус и Динамо Киев, Мартин Брајтвајт погоди минатата недела од 11 метри во победата против Динамо, а вчера најстрогата казна во гол ја претвори Осман Дембеле.

Барса заедно со Јувентус веќе го обезбеди пласманот во нокаут фазата. Во последното коло овие две екипи ќе играат меѓусебе. Првиот меч Барселона го доби со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…