Барселона во последните три години освоија две титули во Примера и три шпански купа, па продолжија со својата класична игра, а можеа да бидат многу поуспешни доколку имаа подобра трансфер политика.
Навистина загрижувачки звучи податокот дека дури 50% од засилувањата во последните три години не се дел од екипата на Каталонците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пред три сезони беа купени Арда Туран и Алеиш Видал, а двајцата играчи повеќе не се во екипата, односно Турчинот замина во татковината, а Шпанецот се врати во Севилја.
Следната година пристигнаа Пако Алкасер, Самуел Умтити, Јаспер Силесен и Денис Суарез, кои се во моментот во Барселона, но само Умтити беше вистинско засилување, додека Лукас Дињ и Андре Гомеш неодамна заминаа во Премиерлигата, поточно во Евертон.
На „Гудисон парк“ замина и Џери Мина, минатогодишното засилување, а претходно го напуштија клубот и Паулињо, Жерар Делофеу, додека во екипата останаа Филипе Кутињо, Осман Дембеле и Нелсон Семедо.
Седум од 14 засилувања повеќе не се во Барселона и тоа дефинитивно не е статистика со која може да се пофалат Каталонците, иако и тие грешки им носат титули, но сигурно можеа да бидат многу подобри доколку барем 10 засилувања беа вистински за екипата.