Дома Фудбал Барселона дала 92 милиони евра бонуси за титулата во Примера и Суперкуот

Барселона дала 92 милиони евра бонуси за титулата во Примера и Суперкуот

Фудбалерите на Барселона поделиле 92 милиони евра како бонуси, односно премии за освоената титула во Примера и Суперкупот на Шпанија минатата сезиона.

Тоа го покажа денес годишниот финансиски извештај на каталонскиот клуб!

Интересно, оваа сума е за само три милиони евра поголема од премиите кои ги добија играчите за освоената тројна круна во 2015 година.

Клубот потрошил вкупно 514 милиони евра за сите вработени во клубот, од кои 311 милиони евра се за тренерите и фудбалерите во сите категории.

Инаку Барселона минатата сезона инкасираше сума од 990 милиони евра, а клубот очекува да оствари приход од над една милијарда евра во сезоната 2019/2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…