Дома Трансфер зона Барселона даде зелено светло: Дембеле може да замине!

Барселона даде зелено светло: Дембеле може да замине!

Барселона е подготвена да го продаде напаѓачот Усман Дембеле на Пари Сен-Жермен пред затворањето на зимскиот преоден рок.

Според „RAC1“, каталонскиот клуб се согласил на трансферот на 24-годишниот Французин без зделката да опфаќа фудбалери на ПСЖ, вклучувајќи го и напаѓачот Мауро Икарди.

Дембеле оваа сезона за Барселона на 11 натпревари постигна еден гол и имаше две асистенции. Договорот на напаѓачот со каталонскиот клуб е до 30 јуни 2022 година.

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на Французинот на 30 милиони евра.

Претходно беше објавено дека Барселона за Дембеле барала 20 милиони евра од ПСЖ. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…