Дома Топ вести Барселона го сака Погба? – Мурињо има идеја, играчот за врска и плус пари!

Барселона го сака Погба? – Мурињо има идеја, играчот за врска и плус пари!

mou pogba

Како што сега стојат работите, Пол Погба е пред заминување од Манчестер Јунајтед.

Мурињо веќе неколку натпревари го изоставуваше Погба од првиот тим, а после натпреварот во 1/8 финалето од Лигата на шампионите во кој Французинот исто така натпреварот го започна од клупата за резерви наводно и најавил на управата дека сака да го напушти „Олд Трафорд“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прво се појавија информациите дека Погба би можел да се врати во Јувентус, но тоа е малку веројатно бидејќи „старата дама“ сигурно не е спремна да му ја понуди платата која ја добива во Јунајтед.

Најновите информации говорат дека Погба го сака, ни помалку, ни повеќе туку Барселона. Наводно Мурињо нема ништо против  да го пушти дефанзивниот играч за врска во Каталонија доколку за возврат го доби Иван Ракитиќ и одредена сума на пари.

Агентот на Погба, контроверзниот Мино Раиола според англиските медиуми веќе стапил во контакт со Каталонците и доколку Барселона е расположена во трансферот да го вклучи Иван Ракитиќ, се би можело и брзо да биде реализирано.

Погба во текот на оваа сезона одигра 24 натпревари за Манчестер Јунајтед постигна три погодоци и запиша 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …