Младиот фудбалер на Барселона, Педри минатата недела привлече внимание кога после натпреварот си замина дома со такси.
Каталонците во вторникот играа против Френцварош и славеа победа со 5:1, еден од головите беше дело и на Педри. Младиот играч за врска после натпреварот си ги собра работите и со такси се врати дома.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова ја изненади јавноста во Шпанија затоа што се очекувало Барселона да се погрижила за својот играч, но очигледно не било баш така. Познато е дека Педри нема автомобил затоа што се уште има 17 години и нема возачка дозвола.
Но, сега од каталонскиот клуб одлучиле да реагираат и Педри повеќе нема да треба да се вози со такси.
Имено, клубот на овој 17 годишник му овзоможи приватен автомобил и возач за да може да се движи каде што му е потребно. Возачкиот испит Педри ќе го полага наредната година.