Дома Топ вести Барселона го договори доаѓањето на ГОЛЕМАТА ѕвездата, но Валверде рекол „НЕ“

Барселона го договори доаѓањето на ГОЛЕМАТА ѕвездата, но Валверде рекол „НЕ“

Шпанскиот стратег на клупата на Барселона, Ернесто Валверде очигледно има голема доверба од управата на овој клуб.

Валверде во Барселона пристигна минатото лето, а веќе покажа дека е вистинскиот избор за Каталонците, а во клубот тоа знаеа да го препознаат. Токму поради тоа тој има право да до каже своето мислење за играчите кои треба да пристигнат и дури да стави вето на нивното доаѓање доколку не му се допаѓаат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден таков е Месут Озил. Шпанските медиуми пренесуваат дека Барса го договори трансферот на овој германски фудбалер од Арсенал за 20 милиони евра, но дека Валверде рекол „НЕ“. Причините поради кои Ваверде не го сака Озил во својот тим немаат врска со фудбалот, туку со неговиот приватен живот.

Имено, Ваверде наводно е добро информиран за и не баш спортскиот живот на Озил надвор од теренот, но и за емотивните проблеми во кој често знае да западне. Токму поради тоа не го сака во својот тим, иако веројатно, кога станува збор за теренот, би бил големо засилување за Барса.

Потсетуваме, шпанските медиуми пренесоја дека Озил од Барса бара плата од дури 19 милиони евра што исто така е проблем, но се смета дека во текот на преговорите Каталонците би можеле да му ја намалат оваа бројка. Вреди да се напомене и дека Озил има договор со Арсенал до следното лето и дека веројатно поради тоа во јануари ќе го промени клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…