Во првите три натпревари од првенството Барселона би можела да биде без услугите на Лионел Меси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, како што пишуваат шпанските медиуми доколку аргентинскиот селектор го повика Меси во репрезентацијата и тој одговори на повикот за квалификационите натпревари со Еквадор и Боливија Барселона ќе биде без него во првите три средби.
За што се работи? За да игра за репрезентацијата Меси ќе мора да биде во двонеделен карантин, а бидејќи натпреварите против Еквадор и Боливија се на 8. и 13. октомври тоа значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Виљареал, Селта и Севиља кои се на распоред на 27. и 30. Септември и 4. октомври.
Секако, повик од селекторот не значи дека Меси сигурно ќе одговори со оглед дека секогаш пости можност за договор. Ќе видиме како во овој случај ќе се одвиваат работите.