Во редовите на Барселона ова лето се спремна веројатно најголемата рекоснтрукција на играчкиот кадар.
Се погласни се шпекулациите дека Меси е незадоволен од актуелната ситуација и може да го напушти „Камп Ноу“, а за неговиот потпис силен интерес покажуваат Интер, ПСЖ и Манчестер Сити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исто така, „Мундо Депортиво“ известува дека Барселона веќе ја разгледува опцијата доколку Меси си замине ова лето. Во тој случај, тие ќе треба да најдат замена за него, а веќе на мета имаат неколку фудбалери.
Наводно, прва желба е Пауло Дибала од Јувентус, за кој челниците на Барселона веруваат дека би можело да биде достојна замена за неговиот сонародник.
Дибала се уште не постигнал договор за продолжување на соработката со Јувентус и се шпекулира дека и тој може да ја промени средината ова лето.
Се проценува дека „старата дама“ може да го пушти Аргентинецот, но само доколку Барселона понуди помеѓу 100 и 120 милиони евра.