Андрес Иниеста, Лео Меси, Серхио Бускетс. Хавиер Маскерано беше четвртиот капитен, но по неговото заминување во Кина, Барселона остана на три капитени. На лето соблекувалната ќе избере нов капитен.
Обично лентата ја добива оној кој најдолго време е во клубот и ја има довербата од соблекувалната и тренерот, но во Барселона капитенот се избира малку поинаку. Сите играчи се собираат и гласаат за капитенот и неговите заменици. По заминувањето на Чави во 2015. година, капитенската лента ја доби Андрес Иниеста, а Меси стана првиот заменик. Со заминувањето на Маскерано местото четврти капитен остана празно, па играчите на лето повторно ќе бираат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Можно е изборот да биде за двајца, бидејќи и Иниеста размислува за трансфер во Кина. Доколку Иниеса си оди, сигурно е дека нов капитен на Барса ќе стане Меси, а сигурно е само местото на неговиот заменик, Серхио Бускетс. Уште едно место би требало да биде резервирано за Пике, а едно за Иван Ракитиќ. Познатиот шпански весник „Марка“ пишува дека токму Хрватот е еден од фаворирите за местото еден од замениците на капитенот.