Дома Фудбал Барселона бара да и биде дозволен трансфер среде сезона

Барселона бара да и биде дозволен трансфер среде сезона

Барселона и официјално ја започна процедурата за да може да регистрира нов фудбалер, кој ќе го замени повредениот Осман Дембеле.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Правилата во Шпанија му даваат можност на секој клуб да направи по еден трансфер надвор од трансферниот рок, ако одреден играч е надвор од терените повеќе од 5 месеци поради повреда.

Точно таков е случајот со Осман Дембеле, кој вчера беше опериран и нема да се врати до крајот на сезоната.

Денес Барселона испрати официјално барање од Ла Лига каде бараат дозвола да можат да регистрираат нов фудбалер.

Сега посебна комисија во Федерацијата ќе одржи состанок во следните 72 часа, на кој ќе биде донесена конечна одлука. Ако Каталонците добијат „зелено светло“, ќе имаат право на трансфер во наредните 15 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…