Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри дека ќе ги побараат сите снимки и аудио записи од синоќешниот спорент момент на натпреварот против Реал Мадрид, и доколку утврдат грешка, ќе бараат преигрување на „Ел Класико“.
„Побаравме од Шпанската фудбалска федерација да ни достават снимки и аудио снимки од ВАР од поништениот гол на Јамал. Ако тоа беше гол, не ја отфрламе можноста да бараме преигрување на мечот. Ќе одиме далеку, не исклучуваме ништо“, изјави Лапорта.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Барселона двапати имаше водство на „Сантијаго Бернабеу“, но на крајот го загуби Ел Класико со 3-2 и практично ја загуби трката за шампионската титула во Ла Лига.
Пред крајот на првото полувреме, Ламин Јамал шутираше и според луѓето во Барселона, голманот Лунин топката ја извадил од зад гол линијата.
🚨EL BALÓN REBASÓ POR COMPLETO LA LÍNEA DE GOL‼️ pic.twitter.com/ZzCUTzsEmw
— Zona Blaugrana (@Zona_Blaugrana) April 22, 2024